Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
26.05.2021

48. седница на Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје

 

ЈАВЕН ПОВИК

за 48. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје

 

Во согласност со одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, НО бр. 0203 – 31217/6  од 25.5.2021 г., 48. седница на Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 29.6.2021 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на „Охридска Банка АД Скопје“, ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје.

 За работата на 48. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот:

 

ДНЕВЕН  РЕД  

I. Процедурален дел

   1.   Отворање на Собранието.

   2.   Избор на работни тела:

      – избор на претседавач,

      – записничар (нотар) и комисија за броење гласови.

 II.  Работен дел

 1.     Утврдување на дневниот ред од работниот дел.

 2.     Усвојување на Записникот од 47. седница на Собранието на акционери на Банката.

 3.     Предлог Одлука за прифаќање и потврдување на Спогодбата за присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ОДУ бр. 15/21 од 15.01.2021 година.

 4.     Годишна сметка на Охридска Банка АД Скопје за периодот 01.01.-30.04.2021 година, со

 -        Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка на Охридска Банка АД Скопје за периодот 01.01.-30.04.2021 година

            
            Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.

            Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на Банката:

Охридска банка АД Скопје

„Орце Николов“ бр. 54

1000 Скопје

со назнака „За Собранието на акционери“

 Обрасците за пријава на учество на седницата може да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

           Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

            Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.        

 Секој акционер, со писмено полномошно, може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, а во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник може да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

 Акционерите, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас, можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање за вклучување нови точки на дневен ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.

            Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.

 Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставувањето прашања и предлагањето одлуки може да се најдат на интернет‑страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

 Од денот на објавување на јавниот повик за учество на Собранието, во просториите на седиштето на Банката, на акционерите им е овозможен увид во следните документи:

 -   Спогодбата за присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во форма на нотарски акт ОДУ бр. 15/21 од 15.01.2021 година;

 -   Годишните сметки и годишните извештаи за работа за Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје за 2020, 2019 и 2018 година (за последните три години);

 -   Годишната сметка подготвена во согласност со членот 524 од Законот за трговските друштва;

 -   Извештајот на Надзорниот одбор на Охридска Банка Македонија АД Скопје за присоединувањето;

 -   Извештајот на независниот ревизор ПрајсвотерхаусКуперсРевизија ДОО – Скопје во врска со соодносот на размена на акции при процесот на присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

 

 Акционерите на Охридска банка АД Скопје – банка што се присоединува, можат да се изјаснат дека не сакаат да примат акции во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје - банка што презема или дека не го прифаќаат соодносот за замена утврден во Спогодбата, до денот на донесување на одлуките за прифаќање и потврдување на Спогодбата од страна на Собранијата на акционери на Банките што учествуваат во присоединувањето.

 Изјаснувањето дека не сакаат да примат акции во Банката што презема, се врши со пополнување на Образец за изјаснување, достапен на официјалната интернет страница на Банката www.ohridskabanka.mk. Образецот, пополнет и со потпис заверен на нотар, треба да се достави до седиштето на Банката, заедно со:

 -   важечки документ за лична идентификација и извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, во оригинал, не постар од 3 (три) дена, во којшто е наведен бројот на акции,  за акционер физичко лице, 

 -   документ за лична идентификација на застапникот по закон, последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал, не постара од седум дена и извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, во оригинал, не  постар од 3 (три) дена, во којшто е наведен бројот на акции, за акционер правно лице.

 Начинот на упис на акциите од Банката што презема како и начинот на исплата на откупната цена за акционeрите што се изјасниле дека не сакаат да примат акции во Банката што презема, ќе биде објавен на интернет страницата на Банките, по денот на  одржување на Собранието.

 Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по којшто ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на седиштето на Охридска банка АД Скопје на ул.Орце Николов број 54, секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот и на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

 

НО.бр. 0203 - 31217/7                                                                                                                                                                                                                         НАДЗОРЕН ОДБОР

Скопје, 25.5.2021 година                                                                                                                                                                                                                               Претседател,

                                                                                                                                                                                                                                                                                   Георг Бухер                                                                                                                     
                                                                                                                                      

Вкупен број на акции 

 

 

Образец за изјаснување за не прифаќање на акции 

Образец  - полномошно за овластување полномошник правно лице

Образец  - полномошно за овластување полномошник физичко лице

Поставување прашања од страна на акционери

Постапка за гласање преку полномошник

Пријава за учество на акционер - правно лице

Пријава за учество на акционер - физичко лице

 

УСВОЕНИ ОДЛУКИ ОД 48 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА 

 

Одлука за прифаќање  и усвојување на Спогодба за присоединување на Охридска Банка АД Скопје

Одлука за усвојување на Годишната сметка на Охридска банка АД Скопје за период 01.01.-30.04.2021

Резултати од гласање

24.03.2021

47. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје

                                                                                                                                        ЈАВЕН  ПОВИК

                                                                                  за 47. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје

  

Во согласност со одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, НО бр. 0203 - 16188/3 од 22.3.2021 г., 47. седница на Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 26.4.2021 година (понеделник), со почеток во 12 часот, во просториите на „Охридска Банка АД Скопје“, ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје.

За работата на 47. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот:

 

                                                                                                                                         ДНЕВЕН  РЕД

 

I. Процедурален дел

1.    Отворање на Собранието.

2.   Избор на работни тела:

      – избор на претседавач,

      – записничар (нотар) и комисија за броење гласови.

II.            Работен дел

1.   Утврдување на дневниот ред од работниот дел.

2.   Усвојување на Записникот од 46. седница на Собранието на акционери на Банката

3.   Воведно излагање на претседателот на Управниот одбор на Банката.

4.   Годишен извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2020 со писмено мислење изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката со:

-        Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2020 година и писменото мислење

5.   Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2020 година, од аспект на поединечните членови и колективно, со:

-        Предлог-одлука за одобрување на работата на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2020 година, од аспект на поединечните членови и колективно.

-        Годишна оцена за соодветноста на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка за 2020 година.

6.   Извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи на Охридска банка АД Скопје, со мислење на ревизорската куќа “ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија“ ДОО Скопје и писмено мислење по него изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката, со

-        Предлог-одлука за усвојување на Извештајот на ревизорската куќа “ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија“ ДОО Скопје за работењето на Охридска банка АД Скопје за 2020 година и писменото мислење.

7.   Годишна сметка и финансиски извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2020 година, со

-        Предлог–Одлука за усвојување на Годишната сметка и финансиските извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2020 година,

-        Предлог–Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска Банка АД Скопје со годишната сметка за 2020 година.

 

            Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.

            Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на Банката:

Охридска банка АД Скопје

„Орце Николов“ бр. 54

1000 Скопје

со назнака „За Собранието на акционери“

Обрасците за пријава на учество на седницата може да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

            Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

            Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.     

Секој акционер, со писмено полномошно, може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, а во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник може да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

Акционерите, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас, можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање за вклучување нови точки на дневен ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.

            Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.

Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставувањето прашања и предлагањето одлуки може да се најдат на интернет‑страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по којшто ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на Охридска банка АД Скопје секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот и на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.

 

НО.бр. 0203 - 16188/4                                                                                                                                                                                                                         НАДЗОРЕН ОДБОР

Скопје, 22.3.2021 година                                                                                                                                                                                                                               Претседател,

                                                                                                                                                                                                                                                                                   Георг Бухер     

Вкупен број на акции

 

Образец  - полномошно за овластување полномошник правно лице

Образец  - полномошно за овластување полномошник физичко лице

Поставување прашања од страна на акционери

Постапка за гласање преку полномошник

Пријава за учество на акционер - правно лице

Пријава за учество на акционер - физичко лице

 

УСВОЕНИ ОДЛУКИ ОД 47 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА

Одлука за усвојување на Извештајот на независните ревизори ПрајсвотерхаусКуперс за работењето на Охридска банка за 2020

Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Охридска банка за 2020

Одлука за усвојување на Годишната сметка и финансиските извештаи на Охридска банка за 2020

Одлука за употреба и распределување на остварената добивка на Охридска банка со Годишна сметка за 2020

Одлука за одобрување на извештајот за работа на Надзорниот Одбор на Охридска банка за 2020

Резултати од гласање

05.09.2020

46 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ НА ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

ЈАВЕН ПОВИК

за 46. седница на Собранието на акционерите

на Охридска банка АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, НО бр. 0203-46744/21 од 2.9.2020 г., 46. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 5.10.2020 година (понеделник) со почеток во 12 часот, во просториите на Охридска банка АД Скопје, ул. „Орце Николов“ бр. 54, 1000 Скопје.

За работата на 46. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД

I. Процедурален дел

  1. Отворање на Собранието.

  2. Избор на работни тела:

    – избор на претседавач,

    – избор на записничар (нотар) и на комисија за броење гласови.

II. Работен дел

  1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел.

  2. Усвојување на Записникот од 45. седница на Собранието на акционерите на Банката.

  3. Предлог - Одлука за избор на друштво за ревизија на Охридска банка АД Скопје, за календарската 2020 година.

  4. Предлог-одлука за отпочнување постапка за присоединување.

Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на Банката:

Охридска банка АД Скопје

„Орце Николов“ бр. 54

1000 Скопје

со назнака „За Собранието на акционерите“

Обрасците за пријава на учеството на седницата можат да се најдат на интернет-страницата на Банката: www.ohridskabanka.mk.

Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.

Секој акционер со писмено полномошно може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката; во спротивно, ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник можат да се најдат на интернет-страницата на Банката: www.ohridskabanka.mk.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 14.9.2020 година до 16:00 часот да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање за вклучување нови точки на дневен ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.

Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.

Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставување прашања и на предлагање одлуки можат да се најдат на интернет-страницата на Банката: www.ohridskabanka.mk.

Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по којшто ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на Охридска банка АД Скопје секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот и на интернет-страницата на Банката: www.ohridskabanka.mk.

НO бр.0203-46744/22

Скопје, 2.9.2020 г.

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател,

Георг Бухер

 

Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права

 

 

Образец 1 - полномошно за овластување полномошник правно лице

Образец 2 - полномошно за овластување полномошник физичко лице

Поставување прашања од страна на акционери

Постапка за гласање преку полномошник

Пријава за учество на акционер правно лице

Пријава за учество на акционер физичко лице

 

УСВОЕНИ ОДЛУКИ ОД 46 СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА

Одлука за избор на друштво за ревизија за 2020

Одлука за отпочнување на постапка за присоединување

Резултати од гласање 

08.04.2020

45. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје

 


Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик   


 Документи, материјали и предложени одлуки за донесување кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието:

 I. Процедурален дел 

  1. Отворање на Собранието
  2. Избор на работни тела:
    • избор на претседавач,
    • записничар (нотар) и комисија за броење гласови.

 

II. Работен дел

1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел.

2. Усвојување на Записникот од 44. седница на Собранието на акционери на Банката

3. Воведно излагање на претседателот на Управниот одбор на Банката.

4. Годишен извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2019 со писмено мислење изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката со

  1. Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2019 година, од аспект на поединечните членови и колективно, со:
  2. Извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи на Охридска банка АД Скопје, со мислење на ревизорската куќа „Ернст и Јанг“ доо Скопје и писмено мислење по него изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката, со
  3. Годишна сметка и финансиски извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2019 година, со
  4. Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместокот за работа во органите на Охридска Банка  АД Скопје за 2019 (Надзорен одбор и Одбор за ревизија)
  5. Предлог-одлука за наградување на членови на Надзорен одбор и Одбор за ревизија за 2020 година
  6. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на Охридска банка АД Скопје со 

 

Постапка за гласање преку полномошник:

Поставување на прашања од страна на акционер 

Пријава за учество на акционер правно лице

Пријава за учество на акционер физичко лице

 

 

 

 

Резултати од гласањето на 45.седница на Собранието на акционерите

 

Прашања и одговори од акционери

 

Врз основа на допис бр.08-99/1 од 18.01.2019 година,  доставен од страна на Комисија за хартии од вредност на Р. Македонија до Охридска Банка АД Скопје, ве известуваме за измените и дополнувањата на Законот за преземање на акционерски друштва во однос на обврските за постапување на овластените лица-полномошници:

  Известување

 

15.02.2020

Собрание на акционери 44. седница

 ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

во врска со 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје

Се известуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје дека се повлекува Јавниот повик за 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, НО бр. 0203-7914/3 од 13.2.2020 г., објавен на ден 15.2.2020 г. Истовремено се повлекуваат и сите предлог-одлуки и материјали.

 

За новиот датум и за времето на одржување на 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, акционерите ќе бидат дополнително известени во согласност со законот.

 

НО.бр. 0203-9265/28-2-1            

НАДЗОРЕН ОДБОР

 

Претседател,

Георг Бухер

 

27.2.2020 година

Скопје

 

 



 

 

 
11 
  • 1
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми: