ПЛАТЕН ПРОМЕТ
ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА
Налозите, односно плаќањата од трансакциските сметки на учесниците во платниот промет во земјата се извршуваат секој работен ден според следниот термински план:
1. Прием, обработка и испраќање налози во хартиена форма на шалтерите на Банката:
- за извршување преку КИБС (2) - од 8:00 до 14:00 часот
- за извршување преку МИПС (1) - од 8:00 до 16:00 часот
- за извршување интерни налози (0) - од 8:00 до 17:20 часот.
2. Прием, обработка и испраќање налози во електронска форма:
- за извршување преку КИБС (2) - до 14:00 часот
- за извршување преку МИПС (1) - до 16:00 часот
- за извршување интерни налози (0) - до 17:20 часот.
3. Во сабота од 09:00 до 13:00 часот се врши прием само на интерни налози.
4. Прием на налози со идни датуми на извршување: хартиени – во определеното работно време и електронски - неограничено.
ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО СТРАНСТВО
По враќањето на редовните услови на работа, во редовното работно време, налозите, односно плаќањата на учесниците во платниот промет со странство се извршуваат секој работен ден според следниот термински план:
1.Прием, обработка и испраќање девизни налози во хартиена форма:
- прием на налози кои се обработуваат истиот работен ден - од 8:00 до 14:00 часот
- прием на налози кои се обработуваат наредниот работен ден - од 14:00 часот до крајот на работниот ден
2.Прием, обработка и испраќање девизни налози во електронска форма:
- прием на налози кои се обработуваат истиот работен ден - од 8:00 до 14:30 часот
- прием на налози кои се обработуваат наредниот работен ден - од 14:30 часот до почетокот на наредниот работен ден
*Услови за извршување на девизните налози се комплетна и исправна документација, доставена навреме, во согласност со основата на плаќањето, обезбедено покритие и уплатена провизија.
Листа на контокорентни банки