Надзорниот одбор врши надзор над работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење финансиски активности и го надгледува нивното спроведување. Овој одбор обезбедува добро работење, управување и стабилност на Банката. Надзорниот одбор на Банката се состои од шест члена именувани од страна на Собранието на акционери со мандат од четири години, по добиена претходна согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Македонија.