Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Системски информации

03.09.2021

TestIvo

TestIvo

13.07.2021

Известување за работно време и привремени прекини кај дигиталните производи

Почитувани клиенти, 

Ве известуваме дека во период од 16.07. – 19.07.2021г. планирани се привремени прекини во користењето на производите и услугите на Банката, како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.  

Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.

Прекините се планирани како што следи:

1. Експозитури

·   На ден 16.07.2021 година (петок), експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка ќе работат со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.

·   17.07.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка.

·  На ден 19.07.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 08:00 часот.

·    Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде 31.07.2021г.

2. Картички, ПОС терминали, АТМ-и

·  Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг од (1) еден час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.07.2021 (сабота), рано наутро, по полноќ од 02:00-03:00 часот.

3. Дигитални канали (електронско банкарство, мобилно банкарство, СМС известување)

· На 16.07.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14:00 – 17:00 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на платен промет во земјата и странство ќе бидат во прекин.

· Целосен прекин се очекува во период од 16.07.2021 година (петок), 17:00 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.07.2021 година (недела).

Нашите стручни служби вложуваат максимални напори со цел минимизирање на прекините во користењето на сервисите на Банката.

Однапред Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Охридска банка

01.06.2021

Известување: привремено затворање на експозитурата Центар поради реконструкција

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Охридска банка АД Скопје Центар-Беко во Скопје, ќе биде привремено затворена, од 04.06.2021 до 12.07.2021 година.

Дел од тимот на експозитурата Скопје – Центар Беко ќе биде лоциран во експозитурата Скопје – Централа на ул. Орце Николов бр.54, каде ќе можете своите матични референти повторно да ги посетувате за сите банкарски трансакции.

Земајќи предвид дека екпозитурата Центар-Беко работи и во сабота, во периодот на реконструкција на истата, на располагање ќе биде достапна екозитурата Капиштец, лоцирана на ул. Народен Фронт 19, со исто работно време од 09:00-13:00 часот.

Банкоматот, кој е дел од експозитурата Центар-Беко, ќе биде надвор од функција се додека истата е затворена. На располагање Ви останува достапна мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија.

Дополнително, овозможивме непречено користење на услугата “граѓански сефови”, преку поставен посебен коридор, осигуран за безбедно движење до сеф просторијата. Потребно е предходно да ја најавите Вашата посета до Раководителот на екпозитурата Центар-Беко.

Посета на сефовите е канализирана, во следните термини:

  • Вторник 10:00-13:00 часот
  • Четврток 10:00-13:00 часот

Секако, не е искчучена можност за користење на сефовите и надвор од овие термини, но за истото треба да биде најавено 1 ден однапред до Раководителот на екпозитурата Центар-Беко.

Раководител
Маријан Спасевски, контакт телефон: +38970259432

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,
Охридска банка АД Скопје

 

10.05.2021

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ОХРИДСКА БАНКА

Почитувани,

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на мејлови.

Одредени физички и правни лица добиваат пораки од мејл адресите: ohrdska.banka@ohridskabanka.com.mk (фали буквата “i” во “ohridska”) и MLFXDoznkiOB@ohridskabanka.com.mk (фали буквата “а” кај “Doznaki”), а како контакт адреса е наведена obinfo3@ob.com.mk наместо obinfo@ob.com.mk. Предмет на мејл пораката е: Известување за извршена дознака во странство – SWIFT.

Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВОРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕЈЛ АДРЕСИТЕ ohrdska.banka@ohridskabanka.com.mk и MLFXDoznkiOB@ohridskabanka.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците и да контактираат соодветно контакт лице од банката (CRO) за да ја верификуваат пораката.

Доколку во меѓувреме прилогот на мејлот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец.

Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. Информативниот систем на Банката е сигурен и во ниеден момент не е загрозен. 

Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.

Со почит,
Охридска банка АД Скопје


 

18.01.2021

Известување за неработен ден - 19 јануари 2021 година

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно Законот за празници, 19ти јануари (вторник),  2021 година, е неработен ден поради што експозитурите на Охридска банка АД Скопје нема да работат.

 

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, мобилното и електронското банкарство, како и ПОС-терминалите на Банката.

 

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

 

05.01.2021

Известување за неработни денови - 6ти и 7ми јануари 2021 година

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно Законот за празници, 6ти јануари (среда) и 7ми  јануари (четврток),  2021 година, се неработни денови поради што експозитурите на Охридска банка АД Скопје нема да работат.

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, мобилното и електронското банкарство, како и ПОС-терминалите на Банката.

 

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

31.12.2020

Работно време на 31 декември 2020 год. и 1 јануари 2021 год.

Почитувани клиенти, 

Ве известуваме дека на 31 декември (четврток),  2020 година, експозитурите на Охридска банка АД Скопје ќе работат со скратено работно време, а 1ви јануари 2021 год. е неработен ден, заради што експозитурите на Банката нема да работат.

Работно време на експозитурите на Охридска банка АД Скопје на 31.12.2020 година:

  

 

Експозитура

 

Работно време

 

Охрид Централа

 

од 08:00 до 16:00

 

 

Охрид Мини Маркет

 

од 08:00 до 15:00

 

 

Охрид Медицински центар

 

од 08:00 до 14:00

 

 

Ѓорче Петров

 

од 08:00 до 13:30

 

 

Карпош

 

од 08:00 до 14:00

 

 

Капиштец

 

од 08:00 до 14:30

 

 

Центар

 

од 08:00 до 15:00

 

 

11 Октомври

 

од 08:00 до 15:30

 

 

Скопје Централа

 

од 08:00 до 16:00

 

 

Аеродром 2

 

од 08:00 до 13:00

 

 

Чаир

 

од 08:00 до 13:30

 

 

Гази Баба

 

од 08:00 до 14:00

 

 

Аеродром

 

од 08:00 до 16:00

 

 

Струга

 

од 08:00 до 16:00

 

 

Кичево

 

од 08:00 до 13:30

 

 

Гостивар

 

од 08:00 до 14:30

 

 

Тетово

 

од 08:00 до 15:00

 

 

Куманово

 

од 08:00 до 15:00

 

 

Велес

 

од 08:00 до 14:30

 

 

Штип

 

од 08:00 до 15:30

 

 

Кочани

 

од 08:00 до 13:30

 

 

Струмица

 

од 08:00 до 16:00

 

 

Кавадарци

 

од 08:00 до 13:30

 

 

Гевгелија

 

 

од 08:00 до 14:30

 

 

Битола

 

од 08:00 до 15:30

 

 

Ресен

 

 

од 08:00 до 13:30

 

 

Прилеп

 

 

од 08:00 до 14:30

 

 

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, мобилното и електронското банкарство, како и ПОС-терминалите на Банката.

 

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

 

02.11.2020

Известување за привремен прекин на електронски услуги

Почитувани клиенти, 

 

Ве известуваме дека заради надградба на мрежната опрема, во периодот од 02.11.2020 до 05.11.2020 во 23:00ч. ќе има прекин на електронските услуги на Охридска банка АД Скопје, вклучително и на банкоматите, не подолг од еден час. 

 

Ви благодариме на разбирањето.

 

Со почит,

Охридска банка

 
61 
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми: